КАКО НА ФИЛМ – Ја киднапирале во сред бел ден! Киднаперите бараат огромна сума на пари, а седум деца плачат по неа: “Вратете ни ја мајката…“

Баба со потекло од Соединетите Американски Држави (САД) е киднапирана пред повеќе од еден месец од нејзиниот дом во Мексико, а семејството очајно моли за одговори и помош.

Жената по име Марија дел Кармен Лопез (63 г.) била киднапирана на 9. февруари од нејзиниот дом во Пуебло Нуево, Колима, кога неколку вооружени и маскирани мажи влегле и ја киднапирале.

Членовите на семејството разговарале за телевизијата NBC News и кажале дека добиле барања за големи суми пари за жената да биде вратена назад.

Успеавме да го слушнеме она што ни изгледаше како аудио снимка на која таа моли за помош“, вели ќерката на киднапираната жена, Зоња.

Тоа беше ролеркостер во последните 39 дена. Дефинитивно изгледа како да живееме во кошмар“, изјавила Зоња, ќерката на Марија, пишува Kxan.com.

Од ФБИ се уверени дека киднапирањето било со цел, но тие веруваат дека тоа не било поврзано со дрога. Агенцијата нуди награда од 20.000 долари за информации за тоа каде се наоѓа Марија.

Киднапирањето на Марија доаѓа две недели откако четворица Американци беа киднапирани за време на нивното патување во Мексико за лекување. Потоа двајца беа убиени од членови на картел.

И три жени од Тексас исчезнале пред три недели кога ја преминале границата. Жените, две сестри и една пријателка, се водат за исчезнати од 24. февруари, објавува NBC News.

Министерството за правда на САД издаде предупредување да не се патува во шест мексикански држави – Колима, каде што беше киднапирана Марија, Синалоа, Тамаулипас, Гереро, Мичоакан и Закатекас.

NBC јавува дека домот на киднапираната жена е еден од ретките во населбата што имал интернет врска. На киднапирањето посведочиле неколку лица кои биле пред нејзиниот двор за да добијат пристап до Интернет.

Тие излегоа од камионот, имаа фантомки на главите и разменија неколку зборови. Рекоа дека ја слушнале мајка ми како вели дека нема да оди со нив, молејќи ги да не оди со нив“, раскажува Зоња Лопез.

Според информациите на GoFundMe чија цел е да ги покрие трошоците за спасување, киднапираната Марија има седум деца. До киднапирањето, таа го поминувала своето време помеѓу Јужна Калифорнија и Пуебло Нуево.

ФБИ и мексиканските власти ја продолжуваат истрагата, а ќерката на киднапираната Марија испратила порака до одговорните за нејзиното киднапирање.

Ве молам вратете ни ја. Ни треба нашата мајка“, рекла ќерката.