Карлеуша се пофали со подароците од фановите! Пејачката најави голем кам-бек: Тоа што Ви го подготвувам ги надминува и најлудите очекувања (ФОТО)

Пејачката Јелена Карлеуша често истакнува дека ја има најверната армија на обожаватели, а нивните гестови секој пат позитивно ја изненадуваат. Јелена на социјалните мрежи сподели фотографии од подароците кои ги добила од обожавателите.

Со оглед на тоа што верните фанови едвај го чекаат долго најавуваниот албум „Алфа“, Јелена откри дека подготвува нешто неочекувано, а мотивација и’ даваат луѓето кои ја сакаат.

– Моите верни фанови се секогаш со мене – напишала Јелена со подарокот врамена фотографија.

Обожавателите и’ напишаа честитка која особено ја разгалува Јелена.

– Жена, мајка, кралица, Божица, Дива, лавица, љубов… Со овој подарок сакаме да ви ја покажеме сета љубов на светот и да ви го честитаме Денот на жената. Нека ви е најсреќниот ден затоа што ако некојс е најмоќната, најсилната, најуспешната, најдобрата супержена, тогаш тоа сте вие. Ти беше и секогаш ќе бидеш таква. Ги доживуваме вашите успеси како да се наши. Те сакаме, иако никогаш нема да разбереме зошто те сакаме толку многу. Како да сме дрогирани, тоа чувство не се опишува со зборови. Вие како наша најголема сила и гордост заслужувате сè најдобро. Оваа година е ваша година! 2023 e годината кога ,,АЛФА” ќе се пробуди и ќе ги остава сите без здив. Едвај го чекаме тој момент. Затоа, овој подарок нека ви биде спомен – пишуваше на едната страна од честитката што Јелена ја објави во јавноста.

– Им благодарам на моите верни фанови за сета љубов што ми ја пружаат безрезервно, и во добри и во лоши времиња. Никој нема обожаватели како моите! Никој на планетава! И во најтешките моменти од мојот живот, беа со мене ме сакаа и ме поддржуваа. Млади луѓе кои гледаат инспирација и сила во мене. Ви благодарам што бевте моја мотивација и причина да продолжам. Верувај ми, спремам нешто за вас кое ќе ги надмине и вашите најлуди очекувања и надежи. Тоа ќе биде мојот подарок за армија од прекрасни луѓе. Таа го заслужува најдоброто – напиша Јелена.