Кејт Мидлтон блесна на црвениот тепих: Носеше обетки „Зара“ (ФОТО)

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, прошета на црвениот тепих на доделувањето на наградите BAFTA во неделата вечер и го привлече вниманието на сите присутни со својата облека и стил.

Пристигнувајќи на BAFTA наградите со нејзиниот сопруг принцот Вилијам, Кејт ги натера сите присутни да гледаат во неа а таа на црвениот тепих беше со белиот фустан на Александар Меквин што претходно го носеше на наградите во 2019 година. Но, Кејт го промени изгледот на фустанот. Цветните детали на рамената видени во 2019 година се заменети со обвиткана бела ткаенина.

Аутфитот го комплетираше со црни ракавици и обетки Зарa кои моментално се во продажба за 27,90 долари.

Вилијам, кој е претседател на Британската академија за филмска и телевизиска уметност од 2010 година, во меѓувреме се држеше до класичниот кодекс на облекување со црна вратоврска и кадифен смокинг.

Принцезата е позната по комбинирањето на високата мода со достапни додатоци и повторната употреба на фустаните од претходните јавни настапи.

На BAFRA наградите во 2020 година, таа избра извезена златна и бела тоалета, исто така од Александар Меквин, која првпат ја носеше во 2012 година.