Клоп: Нема да има трансфери за Ливерпул оваа зима

 Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека неговиот тим нема да се засили во зимскиот преоден рок.

– Не се планирани промени за овој преоден рок, нема да има трансфери. Се е во ред со овој состав, изјави Клоп.

Тимот предводен од германскиот фудбалски стручњак на 29 јануари загуби на гости кај Брајтон во шеснаесетинафиналето на ФА Купот (1:2) и е елиминиран од турнирот.

Ливерпул е деветти на табелата во Премиер лигата со 29 бодови од 19 натпревари.