Клуб на пратеници против говорот на омраза и родовото насилство

Клубот на пратеници најостро ги осудува сите форми на говор на омраза, родова дискриминација, сексизам, антисемитизам, омаловажување и други форми на насилство кои во последно време се се позастапени во интернет просторот.

Затоа, пратениците ќе иницираат јавна дискусија во Собранието за да понудат решенија за спречување на слични случаи во иднина, особено на јавниот простор и на овој начин да се поттикне поголема општествена одговорност на креаторите на јавното мислење.

Во таа насока, подготвени сме да иницираме законски решенија за регулирање на интернет просторот, за да не се ограничи слободата на говор, туку да се подигне нивото на свесност и општествена одговорност.