Ковачевски:Приоритетите на Владата стануваат реалност

Приоритетите на Владата стануваат реалност. Со денешното потпишување на договорот за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10д, стартува реализацијата на еден од најголемите инфраструктурни проекти.

Нашите заложби за модерна патна и железничка инфраструктура, како и регионално и меѓународно поврзување се веќе видливи.

Изградбата на автопатските делници во вкупна должина од близу 110 километри е од исклучително значење за подигнување на нивото на квалитетот на патната инфраструктура и сообраќај.

Преку делниците од Коридорот 8 и Коридорот 10д, Северна Македонија станува уште позначајна регионална и меѓународна транспортна рута и уште позабележителна на светската инвеститорска мапа.

Нашиот фокус и во следниот период ќе бидат инвестициите во патната инфраструктура, затоа што развиена инфраструктура значи и развиена економија.