Ковачевски: Во најголем процент се усогласивме со АA

 Основните претпоставки на ова владино мнозинство се во согласност со она што го претставува Алијансата за Албанците, а тоа е стратешкото партнерство со САД, продолжувањето на патот кон евроинтеграциите, донесувањето на сите реформски закони и се. Неопходни одлуки за продолжување на патот кон ЕУ, изјави вечерва премиерот Димитар Ковачевски пред состанокот на Извршниот одбор на СДСМ, како одговор на прашањето за денешната средба со лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари и можностите за влез во оваа партија во владината коалиција.

Премиерот нагласи дека најмногу се договориле со Алијансата за Албанците, додека за сите други аспекти за можна соработка, разговорите ќе продолжат.

„На средбата со Алијансата за Албанците разговаравме пред се за скрининг процесот што земјата го има со ЕУ, претседавањето со ОБСЕ, стратешкиот дијалог што го развиваме со САД и акцискиот план што го подготвува Влада и разговаравме за можно проширување на владиното мнозинство со Алијансата за Албанците. Не сме разговарале за кадровски решенија“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека во наредните денови ќе имаат средби и со Алтернатива.

Инаку, на денешната редовна седница на Извршниот одбор, како што рече, ќе се разговара за актуелната состојба во државата, но и за денешната средба со лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, ќе бидат информирани и членовите на Одборот.