Ковачевски најавува средба со новинарските здруженија по реконструкцијата на Владата

Премиерот Димитар Ковачевски по завршувањето на постапката за реконструкција на Владата најавува средба со новинарските здруженија.

Тој денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека имал телефонски разговор со претседавачот на новинарските здруженија на кој е постигнат договор по завршувањето на реконструкцијата на Владата да се одржи средба на која се презентирани барањата на новинарите во предвремен протестен марш.

„Новинарите ја имааt мојата поддршка и тие го знаат тоа. Но, од друга страна и новинарите имаат обврска да ги информираат граѓаните. Ценам дека сите ние индивидуално и колективно можеме да напредуваме, да се унапредуваме, да ги унапредуваме институциите каде што работиме и на крајот на денот заеднички да ја унапредуваме државата, бидејќи тоа е државата која ќе стане членка на ЕУ и кога ќе стане членка на ЕУ ќе стане многу подобра земја од некои држави кои се веќе членки на Унијата“, рече Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања по денешната презентација на новата инвестиција на германската компанија „Герешхајмер“ во ЗТИЖ- 2.

Оваа Влада заедно со новинарите, рече Ковачевски, ја претворија Северна Македонија од заробена држава во општество на земји каде владее демократијата.

Премиерот потсети дека со новиот Кривичен законик нападот врз новинар се третира како напад врз службено лице, како и дека за време на кризата со Ковид, Владата издвоила средства за поддршка на медиумите.

Никогаш во животот не ми се случило да се појавам пред медиумите и да ги уредувам нивните вести. Никогаш не ми се случило ниту мене, ниту на некој од моите соработници да дојдеме кај уредник и да направиме распоред, какви вести треба да одат кога… или да дадат какво било прашање до медиумите да ми постават, а никогаш не се случило да направам не одговара во поставените прашања“, рече Ковачевски