Ковачевски – Пленковиќ: Хрватска и Северна Македонија посветени на промовирање заеднички вредности

 Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во сабота во Минхен се сретнаа со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на маргините на Минхенската безбедносна конференција.

На средбата, премиерите разговараа за одличните билатерални односи и политички дијалог како и за конструктивната соработка на земјите во сите области од заемен интерес, се вели во соопштението од Владата.

Двајцата премиери рекоа дека Северна Македонија и Хрватска се цврсто посветени на промовирање заеднички вредности и придонес во меѓународните мировни операции како сојузници на НАТО. 

Тие, исто така, ги споделија своите ставови за најновите случувања во светот и нивните приоритети за зајакнување на регионалната стабилност и просперитет.

Ковачевски му се заблагодари на Пленковиќ за непоколебливата хрватска поддршка за процесот на европска интеграција на Северна Македонија.