Ковачевски: Успешно се справивме со економската и енергетска криза и целта е постигната

Успешно се справивме со економската и енергетска криза и целта е постигната. Никој не беше оставен сам во оваа криза. Рамо до рамо со вас, одиме понатаму со јасна порака – напредокот продолжува. Граѓаните може да очекуваат големи промени оваа и наредната година. Економијата ќе продолжи да расте и да се развива, продолжува растот на платите и на пензиите, продолжуваат инвестициите.

Продолжуваме да се бориме за подобро утре на сегашните и идните генерации.

Вечерва сме рамо до рамо со граѓаните на Велес и членовите на СДСМ со кои заеднички отворивме и нови простории на општинската организација.