Кога ќе го погледнете, ќе помислите дека е ОПТИЧКА ИЛУЗИЈА: Хајди Клум во ФУСТАН со кој го маѓепса Лос Анџелес (ФОТО)

Германската манекенка се појави во необичен аутфит, а покрај фустанот внимание привлече и необична чанта во форма на чинија со златна рипка.

Синоќа во Лос Анџелес се одржа доделувањето на американските награди „Fashion Trust“ , а како и секогаш бројни познати личности дојдоа да го прослават овој настан.


Една од дамите кои воодушевија на црвениот тепих беше германската манекенка Хајди Клум (49).

Таа е позната по необичните модни комбинации кои без промашување ја истакнуваат нејзината витка фигура, а оваа не се разликуваше по ништо.

За оваа прилика Хајди Клум избра смел асиметричен металик фустан со едно рамо кој беше како оптичка илузија на црвениот тепих.

Имаше огромен ремен кој се закачуваше од едната страна и дополнително го истакнуваше нејзиниот тенок струк.

Со овој необичен фустан со кој на прв поглед буквално хипнотизираше, манекенката избра сребрени сандали со прерамки.

Посебно внимание привлече и необична чанта која изгледаше како сад во кој има златна рипка.

Што се однесува до нејзината фризура , таа ја пушти косата да ѝ падне право по телото и над градите.

Целиот изглед го заокружила со црни и сиви нијанси на сенки за очи кои ги искомбинирала со бледо розев кармин.