Кои земји може да се пофалат со најголем број стогодишници?

Просечниот животен век во целиот свет е 70,4 години, но некои луѓе живеат подолго и лесно достигнуваат 100 години. Имајќи го ова на ум, компанијата Lottie ја анализираше популацијата на стогодишници за да открие кои нации имаат најмногу стогодишници.

Островите Гвадалупе предничат со 75 стогодишници на 100.000 жители. Островот може да се пофали со 80 отсто повеќе стогодишници денес отколку во 2000 година, што значи дека карипскиот начин на живот во овој француски прекуокеански департман промовира долговечност како ниеден друг на планетата.

На второ место е Барбадос со 71 стогодишник на 100.000 жители, што е зголемување за 78 отсто во однос на 2000 година.

На трето место е уште еден департман на Франција, Мартиник. Земјата, чија култура е спој на француските и индиските влијанија, има 63 стогодишници на секои 100.000 жители, што претставува зголемување од 83 отсто во период од 20 години.

Четвртото место го делат Уругвај и Јапонија, кои можат да се пофалат со 62 стогодишници на 100.000 жители. Шпанија е на 12, а Италија на 15 место.