„КОЛКУ ГО ЧИНЕШЕ ТВОЈОТ СОПРУГ ОВАА ПОБЕДА? Сликата на руската мисица направи ХАОС на социјалните мрежи: „Ова е жива кукла, а не жена!“

На 5 јуни во Москва се одржа финалето на националниот натпревар за убавина за мажени жени, а овогодинешниот победник е манекенката Наталија Оскар. Најубавата дама на Русија доби право на избор да учествува на кој било меѓународен натпревар, како и платен престој на Бали во луксузен хотел.

Малку се знае за мисицата: Наталија предава англиски јазик, пишува песни и сама ги изведува. Во финалето таа дури изведе своја композиција „Јас сум твојата мис Русија“. Оваа дама има сопруг, ќерка Моника и куче, а пристигнува од далечниот исток во Русија.

– Професорка по англиски јазик, изведувачка и текстописец, модна кралица на Далечниот Исток во 2019 година – ова се зборовите со кои убавата русокоса се опишува себеси на социјалните мрежи.

Наталија е во брак со 45-годишниот бизнисмен Роман Безматерних, а судејќи по нејзиниот Инстаграм, ужива во луксузен, привилегиран живот. Таа често споделува фотографии од луксузни патувања, но и од нејзините настапи, како и детали од приватниот и семеен живот.

Оваа убавица може да се пофали со витка, издлабена фигура и долга, бујна, руса коса, а секогаш е топ облечена и целосно нашминкана.

Колку оваа победа го чинеше вашиот сопруг?

Сепак, овие избори не поминаа без одредени контроверзии. На социјалните мрежи во Русија се крена полемика за тоа како всушност изгледа Наталија. Многумина тврдат дека „мажот и ја купил победата“, и дека нејзините фотографии на Инстаграм се фотошопирани и дека во реалниот живот изгледа сосема поинаку.

Исто така, на мрежите кружат фотографии кои се направени за време на доделувањето на наградите, на кои таа остава малку поинаков впечаток од оние што самата ги објавува. Наталија има јасно видливи брчки и усните се видно зголемени со хијалуронски филери, а носот и е поголем од сликите

„Жената е ниска, има надуена уста, екстензии во косата, каков стандард за убавина е тоа?“, „Устата и е буквално поврзана со носот“, „Ова е жива кукла, а не жена“, „Таа нема ни природна харизма и шарм“, „Таа е измислена убавица која добро изгледа само на филтрирани фотографии“, „Колку го чинеше вашиот сопруг оваа победа?“, се дел од коментарите.