КОЛКУ ДВОЈНИЦИ ИМА ВЛАДИМИР ПУТИН !? Бизарното однесување на рускиот претседател ја потврдува тезата дека тој користи двојник: “Еве, погледнете!“ (видео)

Шкотскиот експерт за тероризам Греам Јуил им се придружи на голем број луѓе кои тврдат дека претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, користи двојник, пишува Daily Record.

Јуил, кој е обучен од Специјалната воздушна служба на британските вооружени сили (САС) за препознавање лица, имаше задача да ги идентификува терористите во Северна Ирска. Тој тврди дека лицето на секого има карактеристични карактеристики и тие се проучуваат за да се утврди дали тие се користат со некој двојно или не.

На фотографиите на Владимир Путин кои беа објавени минатата недела се гледа дека неговата коса, уши и очи совршено се совпаѓаат со оние на претходните фотографии. Но, носот, брадата и устата не личеа како на претходните фотографии“, изјавил Јуил и кажал дека луѓето кои го штителе за време на неговиот престој во Мариупол не личат на професионалци.

Обезбедувањето не беше на високо ниво. На пример, тој не користеше блендирано возило. Ако ги погледнете тие фотографии, ќе видите дека нешто не е во ред“, тврди Јуил.

Од крајот на февруари 2022 година и почетокот на војната во Украина, Владимир Путин постојано беше обвинуват за користење двојници.

France24 пишува дека има и такви кои тврдат дека рускиот претседател користи двојници затоа што не им верува на најблиските соработници и затоа што се плаши од атентат.

Украинските медиуми и официјални лица постојано ја кажуваат во јавноста тезата дека Владимир Путин користи двојник. Украинскиот разузнавач Андриј Јусов изјави дека рускиот претседател кој пристигнал во Мариупол минатиот викенд всушност не бил тој, туку некој што „наликува“ на него. Првиот човек на украинското воено разузнавање, Кирило Буданов, во октомври 2022 година изјави дека Владимир Путин користи најмалку три двојници и дека тие биле подложени на пластична операција за повеќе да личат на рускиот претседател.

Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко, објави три фотографии на социјалната мрежа Твитер на кои се обидува да инсинуира дека Владимир Путин користел двојник за време на неговиот неодамнешен престој во Украина. Сепак, France24 откри дека ова се дезинформации.

Daily Mail пишува дека постојат теории дека Владимир Путин одел кај пластични хирурзи од 1999 година и дека на почетокот на 2000-тите години, кога Русија ја потресувале терористички напади, му било советувано да не присуствува на потенцијално ризични јавни настани.

Жителите на Сочи, каде во 2009 година дојдоа тогашниот руски претседател Дмитриј Медведев и рускиот премиер Владимир Путин, наводно не верувале дека тоа навистина се тие и дека тие имаат двојници. Медведев тогаш кажа дека тие двајцата навистина дошле во Сочи. Во 2020 година.

Владимир Путин има изјавено дека руските власти размислувале за користење на двојници, но дека идејата наводно била отфрлена.

За наводните двојници на Владимир Путин поинтензивно почна да се зборува во јули 2022 година и оттогаш, одвреме-навреме во медиумите се појавува приказна или некакво видео кое навидум ги потврдува овие тези. Во септември минатата година се појави видео на кое наводно се гледа како Владимир Путин заспива за време на состанок и дека двојникот само чека знак да го замени. Покрај тврдењата дека Владимир Путин користи двојник, нашироко се шпекулира дека рускиот претседател е тешко болен. Некои тврдат дека боледува од Паркинсонова болест или рак.

Герашченко во неделата повторно покрена сомнеж дека Владимир Путин користи двојник. Советник на министерот за внатрешни работи на Украина објави видео на социјалната мрежа Твитер на кое се гледа како Владимир Путин дозволува еден од неговите помошници да му се приближи за време на состанокот на прилично долга маса. Герашченко исто така се чудел зошто рускиот претседател им дозволувал на минувачите во Мариупол да му пријдат.

Други корисници на социјалната мрежа Твитер му рекле на Герашченко дека луѓето со кои Путин разговарал во Мариупол веројатно поминале безбедносна проверка и затоа им било дозволено да му пријдат, а некои од нив можеби биле обебзбедување во цивилна облека.

France24 наведува и дека украинскиот претседател Володимир Зеленски се соочил со обвинувања дека користи двојници или лажни видеа. На пример, минатата година, во октомври, се тврдеше дека украинскиот претседател всушност патува на фронтот од неговото студио, и сето тоа дека е лага.