Командантот на КФОР и началникот на Генералштабот на војската на Србија разговараа за состанокот во Охрид

 „На состанокот стана збор за безбедносните импликации од позитивните резултати на состанокот во Охрид, што се одржа на 18 март, и ја зацврстија својата соработка“, се вели во соопштението на НАТО – КФОР.

Командантот на мировните трупи на НАТО во Косово – КФОР, генерал Анџело Микеле Ристуча, вчера во Белград се состана со началникот на Генералштабот на војската на Србија, генерал Милан Мојсиловиќ, со кој разговараше за состанокот во Охрид.

„Командантот на КФОР, Анџело Микеле Ристуча, во Белград се состана со началникот на Генералштабот на војската на Србија, генерал Милан Мојсиловиќ. На средбата стана збор за безбедносните импликации од позитивните резултати на состанокот во Охрид, што се одржа на 18 март, и ја зацврстија својата соработка“, се вели во објавата на НАТО – КФОР на социјалната мрежа Твитер.

На состанокот во Охрид одржан на 18 март, премиерот на Косово, Албин Курти, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, со посредство на ЕУ, постигнаа договор за Анексот на примената на предлогот од ЕУ за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија.