Конституиран нов состав на Општински Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата во Кавадарци

– Конституиран е новиот состав на Општински Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата во Кавадарци, информираа вечерва од ова локално тело што се грижи за сообраќајната безбедност на територијата на кавадаречка општина.

– Активностите се во согласност со решение, донесено  од Советот на Општина Кавадарци, на седницата од 22 декември минатата година, за именување на членови на Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата. За претседател е именуван Диме Крстев, за секерeтар, Македонка Илиевска и за членови Горан Ристиќ, Диме Мукаетов, Љупчо Лазов, Мишко Николовски, Миле Камчев, Драган Рамов и Ефремчо Николов, соопштија од сообраќајно – безбедносниот субјект на локално ниво.

Притоа нагласија дека според програмата, целта на овој Совет е преземање превентивни мерки и активности во град Кавадарци. Едукација и предавање во градинките, основните и средните училишта и одржување натпревари од областа на сообраќајот во градинките: „Весел детски семафор”, „Зимски квиз натпревар”, „Детски семафор” и сообраќајно – техничка култура на младите.