КОЈА Е ДАРИЈА ТРЕПОВА ОСОМНИЧЕНА ЗА УБИСТВОТО НА ВОЕНИОТ БЛОГЕР ТРЕТЈАКОВ: Изнајмила стан на 5 минути од местото на убиството! НОВИ ДЕТАЛИ

Руските медиуми интензивно се занимаваат со убиството на Макс Фомин, алијас Валдлен Татарски, воениот блогер кој во неделата беше убиен додека примаше награда во едно од кафулињата во Санкт Петербург. Според руската полиција, за неговото убиство е осомничена Дарија Трепова, антивоена активистка. Засега не е јасно дали е уапсена или не, бидејќи за тоа има спротивставени информации.

Единствено е сигурно дека по неа е распишана потерница. Руската полиција се сомнева дека токму таа го разнела Татарски, а полицијата открила, како што пренесува рускиот портал Аргументи Факти, дека атентатот бил внимателно подготвен, бидејќи изнајмила стан на пет минути пешачење од кафулето во кој бил ликвидиран Третјаков.

Според руски истражни извори, убиството на Владлен Татарски било внимателно испланирано и однапред подготвено и дека во него учествувале повеќе лица и дека улогите биле јасно поделени меѓу нив.

Во станот во кој престојувала Трепова биле пронајдени и два авионски билети резервирани за лет за Узбекистан, но таа не пристигнала на аеродромот.

Експлозијата во кафулето на Универзитетскиот насип во Санкт Петербург се случила во неделата во доцните попладневни часови, во моментот кога Третјаков ја примал статуетката што му ја донела жена. Набргу одекна страшна експлозија во која загина Третјаков, а уште 30 лица беа тешко повредени, од кои 8 се уште се во критична состојба.

Иако се веруваше дека жената атентаторот, што ја донела стаутутата во кафулето каде се одвивал разговорот со Третјаков, била повредана, тоа не било вистина.

Руската МВД соопшти дека експлозивната направа била активирана во моментот кога таа веќе го напуштил кафулето.

Отишла во изнајмен стан во близина на метро станицата „Василеостровскаја“, се пресоблекла и се обидела да избега. Полицијата сега трага по таксистот кој ја возел неа. Предметниот автомобил Фолксваген Поло го искористила осомничената Дарија Трепова за да го напушти кафулето во Санкт Петербург, каде што се случила експлозијата.

За убиството на Третјаков е формирана кривична постапка, а целиот случај го презел Истражниот комитет на Руската Федерација, предводен од Александар Бастрикин.

Според достапните информации, Дарија Евгенија Трепова е родена на 16 февруари 1997 година. во Санкт Петербург, државјанин на Руската Федерација. Според руското МДВ, таа била уапсена во февруари 2022 година за учество во антивоени демонстрации во тој град.

Министерството за внатрешни работи на Руската Федерација соопшти дека Дарија Трепова, осомничена за убиството на воениот дописник Владлен Татарски, е ставена на потерница.