КОЈ Е ГОЛМАНOT НА КОГО РОНАЛДО МУ ДАДЕ 4 ГОЛА? Фановите открија интересни факти! Не само што изгледа необично туку…

Конечно, Саудијците успеаја да го видат Кристијано Роналдо од неговите најдобри денови.

Португалецот постигна четири гола во победата на Ал Наср против Ал Вахда. Но, фудбалските фанатици ги заинтригирал кој е голманот на Ал Вахда?

Абдулкудус Атија не е интересен само по својот стајлинг, со долга коса и мустаќи.

Станува збор за 25-годишник кој е само трет голман на овој клуб. Интересно е што ова му е само седми професионален натпревар во кариерата, а четврти сезонава. Со него на голот, клубот победи еднаш и загуби три пати. На тие три натпревари гол разликата е 0:8.

Сепак, еден детал особено ја шокираше јавноста. На специјализираната веб-страница Transfermarkt стои дека цената на овој голман е скромни 75.000 евра.