КОЈ ЌЕ БИДЕ НАСЛЕДНИКОТ НА СТОЛТЕНБЕРГ ? Британски весник објави листа на имиња за прв човек на НАТО – Хрватката Колинда исфрлена од играта !?

Британскиот весник The Sun доцна во петокот објави дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен е кандидат за нов генерален секретар на НАТО Алијансата.

Британските медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори, пишуваат дека дел од членките на НАТО предложиле Германија да го преземе раководството со Алијансата во октомври годинава, по оставката на Норвежанецот Јенс Столтенберг.

Потоа се очекува тој да ја напушти функцијата по девет години. Мандатот на претседателката на Европската комисија истекува дури следната година.

Урсула фон дер Лајен

Споменатиот весник пишува дека фон дер Лајен ќе се соочи со тешка борба бидејќи Велика Британија ќе се спротивстави на нејзината кандидатура, со оглед на тоа што таа лошо ги водеше вооружените сили додека беше министерка за одбрана на Германија.

Германски весник Welt am Sonntag напиша дека меѓу кандидатите се актуелниот британски министер за одбрана Бен Валас и шпанскиот премиер Педро Санчез.

The Sun исто така го споменува и актуелниот британски премиер Риши Сунак, а како кандидати се споменуваат и естонската премиерка Каја Калас и канадската министерка за финансии Кристија Фриланд.

The Sun не ја споменува поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, која претходно беше спомната од дел од медиумите како кандидат за прва дама на Северноатлантскиот пакт.