Кралицата Максима и Брижит Макрон: Која дама избра поубав фустан за свечената вечера? (ФОТО)

Емануел и Брижит Макрон се во дводневна државна посета на Холандија, каде што домаќини се кралот Вилем Александар и неговата сопруга кралицата Максима. Макрон ќе престојува во Амстердам и во Хаг, а тоа е прва посета на францускиот претседател на Холандија во последните 23 години, по Жак Ширак.

Во вторникот вечерта беше одржана свечена вечера за францускиот претседателски пар во кралската палата во Амстердам, а како што се очекуваше најголемо внимание привлекоа  домаќинката, кралица Максима и главната гостинка, првата дама на Франција Брижит Макрон. Додека Брижит се одлучи за беспрекорна класична елеганција, Максима додаде допир на екстраваганција во црвен фустан со исклучително обемни ракави и голи рамена.

Кралицата го комплетираше мошне впечатливиот фустан со црвена лента, кој го украси со голем блескав брош со бисер. Целиот накит на кралицата беше во знакот на нежни и моќни бисери. На обетките имаше и големи бисери, носеше и бисерен ѓердан и тијара украсена со бисери.

Брижит Макрон, пак, изгледаше многу елегантно во долг индиго темносин фустан кој прекрасно ја следеше линијата на телото. Горниот дел од фустанот со јака е украсен со ефектни светкави линии, а првата дама избра и блескави висечки обетки и црна чанта.

Претходно во текот на денот, холандската кралска двојка ги пречека Емануел и Брижит Макрон на плоштадот Дам, главниот плоштад во Амстердам, а за церемонијата за пречек на францускиот претседателски пар, впечатливи бои избра и кралицата Максима.

Изгледаше многу шик во сенф- жолт миди палто со должина што го носеше врзано на половината. Го искомбинирала со интересна капа во форма на турбан, ист дезен како фустанот и чантата и жолти салонки од брусена кожа, а додала и чипкасти жолти ракавици и висечки обетки.

Брижит беше беспрекорно скромна во син костум со префинети линии составен од фустан и капут, со кој носеше црни мокасини со декоративен метален детаљ на петицата, потпишани од луксузната модна куќа Луј Витон, чии креации редовно ги избира за јавни настани .