КРАЈ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА !? Евгениј Пригожин објави шокантно писмо на социјалните мрежи: “Владимир, нашата задача е завршена, време е да прогласиме крај на специјалната воена операција!“

Основачот на руската приватна паравоена организација Вагнер, Евгениј Пригожин, преку неговата прес-служба го повика претседателот на Русија, Владимир Путин, да прогласи крај на војната и да се фокусира на создавање упориште во окупираните делови на источна Украина, објави YahooNews.

За властите на Руската Федерација и за целото општество, важно е да се стави крај на специјалната воена операција“, напиша тој во објавата на социјалната мрежа Телеграм.

Идеалната опција би била да се прогласи крај на специјалната воена операција, да се информираат сите дека Русија ги постигна планираните резултати и во извесна смисла ние навистина ги постигнавме. Оневозможивме голем број војници на вооружените сили на Украина и можеме да пријавиме дека нашата задача е исполнета“, напиша Евгениј Пригожин и продолжи да ги набројува руските воени успеси.

Во теорија, Русија ја постигна својата цел со уништување на голем дел од активното машко население во Украина и заплашување на другиот дел што побегна во ЕвропаРусија го отсече Азовското и голем дел од Црното Море, окупираше голем дел од територијата на Украина и создаде копнен коридор до Крим“, се вели во објавата.

Ецгениј Пригожин и Владимир Путин

Евгениј Пригожин тврди дека Русија сега може само „да стекне цврста основа и да се држи до териториите кои се веќе нејзини“.

Во исто време, тој верува дека постои еден проблем предизвикан од војната: „Ако Украина порано беше дел од поранешна Русија, сега е апсолутно национално ориентирана држава“.

Првиот човек на Вагнер напиша цел напис во кој ја анализира важноста на градот Бахмут, протекувањето на тајните документи на Пентагон и претстојната офанзива на бооружените сили на Украина.

Тој додава дека е против какви било преговори со Украина, а двете земји треба да се сретнат само на бојното поле.