КРВАВА ЗАБАВА – Вистински масакар се случил на тинејџерски роденден: Најмалку четири лица мртви а повеќе повредени (фото/видео)

Најмалку четири лица го загубија животот, а неколкумина се ранети во пукотница што се случила во саботата вечерта на роденденска забава на тинејџер во Дејдвил, мал град во американската сојузна држава Алабама објави Fox News и соопшти дека најмалку 20 лица се повредени.

Властите соопштиле дека пукањето се случило околу 22:30 часот по локално време. Дејдвил е мирен град во кој живеат само околу три илјади жители, па трагедијата силно ја вознемирила локалната заедница. Гувернерката на оваа сојузна држава, Кеј Ајви, изјавила дека нејзиното срце е со луѓето од Дејдвил, како и цела Алабама, во ова тешко време.

Бен Хејнс, свештеник на локалната црква, го потврдил инцидентот за ABC News, велејќи дека ја поминал ноќта со семејствата на загинатите и ранетите. Според неговите информации, на прославата во мал затворен простор имало педесетина млади луѓе, а голем дел од нив биле членови на семејството. „Во одреден момент дошло до голема расправија и пукање“, рекол свештеникот за медиумот.

CNN истакнува дека ова е второ пукање во ист ден во САД, бидејќи малку порано маж пукал во парк во Луисвил, Кентаки. Во овој инцидент животот го загубиле две лица, а четворица биле повредени.

Во првите 15 недели од годинава во САД се забележани 162 случаи на масовни престрелки, односно повеќе од еден и пол случај дневно.

Оваа статистика ги вклучува само престрелките во кои биле застрелани најмалку четири лица, а не го вклучува ранувањето или смртта на сторителот. Ова доволно говори за степенот на катастрофата за која активистите веруваат дека е предизвикана од добро познатата многу либерална политика на САД за поседување оружје.