Крмов во стилот на неговиот лидер: Мобилизација против уставните измени

Пратеникот од Левица,Борислав Крмов, продолжува со теренските посети на локалните ограноци, и овој пат во Кочани со членството во непосреден контакт се дискутираа предизвиците кои нè очекуваат.
Загрозени од великобугарските апетити за разнебитување на државата и сплотувањето на широката коалиција за уставните измени, Левица излегува на терен помеѓу своето членство и македонскиот народ, за артикулација и припрема за одговор на оваа опасна насока во која се движиме.
Левица заедно со народот одлучно и молскавично ќе ги казни сите предавнички дејствија на партиите кои одработуваат против Македонија и ќе го врати достоинство на обичниот човек.

Иначе, политичката партија Левица во јавноста е позната по тоа што секогаш продава ,,магла” во македонското опшество без зад себе да имаат конкретни дела со кои што можеле да дејствуваат позитивно.