“КУЛИНАРСКИ УЖАС”- рецепт за најпознатото спартанско јадење кое веројатно е намерно заборавено

Јадењето кое се служело секој ден во Спарта и било основа на нивната исхрана, современиците од другите антички грчки градови-држави го сметале за „кулинарски ужас“.

Спартанците биле познати по своите воени вештини, дисциплина, „шкртост“ во говорот и – лоша храна. Луксузот, забавата и секаков вид на уживање биле непознати во Спарта, па не чуди што таму храната се сметала само за неопходно средство за преживување.

Најважниот дел од секојдневната исхрана на Спартанците била таканаречената црна супа. Темната боја на ова јадење потекнувала од свинска крв, зачинето со оцет, кромид и ловорови листови, а се јадел со мазу – тенко препечено пченично лебче.
За порталот greekreporter.com, готвачот Макс Милер ја оживеал спартанската црна супа, мелас зомос, која и во тоа време имала репутација на – одвратна.

Иако рецептот за ова јадење очигледно не преживеал низ милениумите со причина, неговите главни состојки се познати, па Милер го искористил своето кулинарско знаење за да го реконструира она што се сметало за „кулинарски одвратно“ во другите грчки полиси во тоа време.

Самата спартанска кујна ги одразувала основните доблести на Спартанците – дисциплина и цврстина. Или – можеби нивната гастрономија ги направила такви, како што заклучил еден патник од Сибари во јужна Италија. Легендата вели дека откако ја пробал црната супа, изјавил дека сега сфатил зошто спартанските војници умреле толку лесно – дека никогаш повеќе не морале да ја јадат.