Кумот на Вучиќ го искршил својот скап Мекларен, соборил три столба и удрил во друг автомобил: “Во негово друштво бил и познат готвач“ (фото)

Познатиот кум на српскиот претседател Александар ВучиќНикола Петровиќ, го „искршил“ својот скап автомобил „Мекларен“, а во тој момент поранешниот директор на „Електромрежје Србије“ бил придружуван од познат готвач, пријател на Вучиќ и свадбен кум на пејачот Петар ГрашоТомаж Кавчич.

Петровиќ удрил во оградата на улицата „Ужичка“ во Белград, соборил три столба и удрил во автомобил марка Опел Корса. Во оваа несреќа две лица се повредени, а како што доловија камерите на српскиот медиум Nova.rs, Петровиќ во текот на истрагата седел во полициското возило со капа на главата. 

Словенечкиот готвач Томаж Кавчиќ бил на совозачкото седиште, кој за момент излегол од автомобилот. Покрај тоа што на јавноста и е познат како учесник во бројни кулинарски емисии, Кавчиќ е и голем пријател со српскиот претседател Вучиќ, а често споделуваат и фотографии од заедничка дружба.

Вучиќ на својот Инстаграм профил во август 2021 година се пофали дека Томаж организирал и подготвил вечера за поранешниот премиер на нашата земја, Зоран Заев и премиерот на АлбанијаЕди Рама.

До мене е Томаж Кавчиќ, почесен конзул на Србија во Словенија. Се наоѓаме во неговиот ресторан Земоно, сигурно едно од најдобрите места во регионот. Бидејќи јас сум организатор на вечерата и домаќин на Зоран Заев и Еди Рама овде во Земон, морам се добро да подготвам со помош на Томаж“, напиша Вучиќ со фотографија од ресторан во тогашната објава.

Инаку, Кавчиќ беше еден од тројцата кумови на свадбата на Петар Грашо со Хана Хуљиќ, заедно со поранешниот кошаркар Дино Раѓа и другарката од детството на пејачот, Шима Подуј.

Сопственик е и на познатиот ресторан „При Лојзету“ во Словенија, а во последните години добил и бројни награди, меѓу кои и меѓународно признание, високо ценетата Мишелин ѕвезда.