„КУТРИ МОИ ДЕЦА КОЈА ИМ Е МАЈКА! Поранешниот сопруг ја вознемири Тања Савиќ, се огласи за нејзиното ново момче

Веста дека Тања Савиќ повторно е среќна во љубовта стигна до нејзиниот поранешен сопруг Душан Јованчевиќ, кој живее и работи во Австралија.

Тие двајца не се заедно во последните пет години и не комуницираат, но се задеваат и преку медиумите.

Тања им призна на медиумите дека е заљубена. Наводно, пејачката е во врска со единаесет години помладиот човек, извесен Мухамед Б. од Бјелина, кој поради пејачката се преселил од Америка во Белград.

-Може да се каже дека моето срце е заробено. Тој ме освои мене и јас го освоив него. Не би сакалa за мене и за мојот партнер јавно да се зборува. Пролетта пристигна, се се буди, вклучително и нашите срца. Признавам, заљубенa сум. Ме освои еден голем човек кој ми подари ланче и обетки за роденден. Имаат голема симболика и ми се многу важни – неодамна се пофали Тања пред медиумите.

По тој повод говореше Јованчевиќ.

-Кутри мои деца, која им е мајка. Тоа е се што можам да ви кажам и ни збор повеќе. Се ви е јасно – изјави за „Пинк.рс“.

Од друга страна, новата љубов на Тања наводно не ја поддржува нејзината мајка Живана Савиќ. Мајката на пејачката не беше расположена да зборува за тоа.

-Се грижам и за Тања и за нејзиното момче. Не треба повеќе да ми се јавувате. Немам што да ви кажам. Не ме интересираат такви работи. Имам многу работа. Не ми е гајле дали и со кого се забавува ќерка ми – изјавила Живана за „Пинк.рс“.