ЛАТИНО ДИВАТА ВОЗВРАЌА НА УДАРОТ – Шакира се сели на Мајами поради мистериозен лик !? Целиот свет зборува за нејзиното ново момче

Шакира планира да се пресели во Мајами, каде со неа ќе ги земе синовите кои ги доби со поранешниот партнер Жерар Пике, а шпанските таблоиди пишуваат дека таа наводно таму нашла нова љубов.

46-годишната колумбиска пејачка се одлучила за преселба на Флорида откако таа и Пике потпишале договор за старателство над децата откако се разделиле затоа што тој ја изневери. Нејзините обожаватели сега шпекулираат дали таа ќе ја напушти Барселона со 10-годишниот Милан и 8-годишниот Саша на крајот на учебната година во јуни или во следните неколку дена откако беше објавено дека планира да се пресели до април.

Шакира

Медиумите пишуваат дека сега би можела да има уште една причина да го забрза преселувањето во Мајами, а тоа е поради мистериозниот маж кој го запознала пред неколку месеци.

Изгледа дека колумбиската пејачка нашла нова љубов со мистериозен маж кој наводно го запознала во Мајами и со кој е во контакт четири месеци“, пишуваат шпанските таблоиди.

Медиумите не откриваат повеќе детали, освен што потврдија дека мистериозниот човек не е Антонио де ла Руа, со кој таа се забавуваше пред да се сретне со Пике на Светското првенство во 2010 година.

Шакира се уште не коментирала ништо, а не се огласил ниту нејзиниот претставник за медиумите.

Се очекуваше дека пејачката на почетокот на годината ќе замине од каталонската престолнина на Флорида со 10-годишниот син Милан и 8-годишниот Саша.

Сепак, докторите наводно откриле здравствен проблем на мајката на Шакира, откако таа се чувствувала лошо минатата недела и побарала докторска помош.