Лајчак: Утрешниот состанок со Вучиќ и Курти во Брисел е исклучително важен

Специјалниот преставник на ЕУ за дијалогот на Србија и Косово, Мирослав Лајчак, оцени дека утрешниот состанок во Брисел, кој треба да се одржи во рамки на дијалогот и на кој ќе бидат српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премеир Албин Курти, ќе биде исклучително важен, јави дописникот на МИА од Белград.

Лајчак на Фејбук, сумирајќи ја изминатата недела, наведе дека на Економскиот форум во Делфи во Грција се состанол со Албин Курти за да детално се подготви за престојанат средба на високо ниво во рамки на дијалогот на 2 мај во Брисел.

Лајчак потсети дека во Делфи се состанал и со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас, и дека го запознал со најновите настани во дијалогот, како и со специјалниот пратеник на Голема Британија за Западен Балкан, лордот Стјуарт Пич.

Лајчак наведе дека тргнува во посета на Босна и Херцеговина, за да со повеќе соговорници од прва рака добие информации за ставовите и проблемите во таа земја.