Лејди Гага за малку ќе банкротирала по една турнеја, тврди дека не ни знаела дека е во долгови

Пејачката Лејди Гага неодамна им откри на медиумите дека по втората турнеја речиси банкротирала, без воопшто да знае за тоа.

Според зборовите на познатата пејачка, таа имала финансиски проблеми по турнејата „Monsterball“ и била во долгови од речиси три милиони американски долари .
„Всушност банкротирав по првиот дел од турнејата „Монстербол“ и ми беше смешно, бидејќи не знаев. Се сеќавам дека им се јавив на сите и реков: „Зошто сите велат дека немам пари? Тоа е смешно. Имам пет синглови број еден“, а потоа ми кажа дека сум долг од три милиони долари“, објасни Лејди Гага.

Пејачката успеа да се опорави и да продолжи со многу успешна кариера, која вклучува повеќекратни Греми награди, Оскар, па дури и номинација за најдобра актерка за „Ѕвезда е родена“. Таа исто така има издадено неколку албуми и оттогаш го обиколи светот.

За потсетување, неодамна беше објавено дека Лејди Гага ќе глуми во новото продолжение на Џокер, каде ќе ја толкува улогата на Харли Квин. Покрај неа, во филмот глуми и Хоакин Феникс, а филмот премиерно ќе биде прикажан во 2024 година.