Лименки од „Кока-кола“ сo ликови на „Марвел“

Новата кампања на „Кока-кола“ и „Марвел“ („Дизни“) наречена „Мултиверс авејтс“ е најзначајната соработка досега снимена меѓу тие компании.

Имено, вчера во „Дизниленд“ во Париз, Франција, беш претставена ограничена серија амбалажи на светски познатиот пијалак, со слики од стрип-јунаци на второпосочениот бренд и три оригинални лименки. Пејџ Гило, претседател на „Кока-кола“ за Франција, рече дека ова е многу значајна соработка.

  • Моќта на овие два бренда е неверојатна. Споделуваме заеднички уверувања кога станува збор за начинот на којшто сакаме да се поврземе со светот и оваа кампања е доказ за тоа. Особено се поврзуваме со помладите поколенија. Го поврзавме дигиталниот и вистинскиот свет. лименки ќе се продаваат во илјадници продавници низ Европа, рече таа.

Љубителите на филмските стрип-приказни ќе имаат можност да купат газиран пијалок во лименки со Кептен Америка, Локи, Хулк, Ајронмен, Блек Пантер и Блек Видоу.

Рекламната кампања во некои европски држави e проследена со наградни игри.