Маж и жена ЖИВЕЕЛЕ ГОДИНИ БЕСПЛАТНО во хотел со пет ѕвезди – Раководството сосема СЛУЧАЈНО ги разоткри

Ова досега не е видено.

Брачен пар од Германија со години живеел со своето куче во хотел со пет ѕвезди во Визбаден без да плати ноќевање.

Според SWR, трошоците за сместување изнесуваат вкупно 140.000 евра.

60-годишниот маж ги платил првите сметки од околу 5.600 евра, по што наводно ги оставил отворени другите сметки.

Според приказната на еден од хотелските работници, мажот исто така тврдел дека боледува од рак и се лекува во Визбаден и постојано се жалел на услугите и персоналот на хотелот. Очигледно во неговата соба имало бубашваби, оревите биле кисели, а неговата сопруга нашла црв во нејзината салата.

Брачната двојка била исфрлена од хотелот дури откако се сменила управата, која го забележала пропустот, а мажот бил обвинет за измама и мора да одговара пред окружниот суд во Визбаден.