МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЈА ПОКАЖАА СВОЈАТА ХУМАНОСТ: Собрани 260 илјади евра за настраданите во земјотресите во Турција и Сирија!

 Досега собрани над 16 милиони денари или околу 260 илјади евра преку донаторските телефонските линии и од Фондот на солидарност на Црвен крст на РСМ.

– Граѓаните и овој пат ја покажуваат својата солидарност на дело. Заклучно со 10.02.2023 година преку донаторските телефонските линии и од Фондот на солидарност на Црвен крст на РСМ се уплатени вкупно 16.095.831 денари, информираат од Црвениот крст.

Од хуманитарна организација известуваат дека правните субјекти и физичките лица освен финансиска помош можат да донираат и материјални добра, согласно приложената листа на потреби за помош на настраданото население, упатена од страна на Турската држава и Турската Црвена полумесечина и тоа: зимски семејни шатори, ќебиња, греалки, церади, вреќи за спиење.

Освен тоа, на листата се ставени и столици на расклопување, кои се претвораат во кревет, креветчиња на расклопување, фенери, кујнски сетови и храна и средства за хигиена.

– Задолжително сите донирани артикли да бидат нови. Приоритет да се става на зимски семејни шатори, церади, вреќи за спиење, ќебиња, потенцираат од Црвениот крст.

Од хуманитарната организација потсетуваат дека заинтересираните за донираат и парични средства.

Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија.

Како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO. 3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228