Макрон: Кина има „главна улога“ во постигнувањето мир во Украина

 Францускиот претседател Емануел Макрон денеска по пристигнувањето во тридневна посета на Пекинг рече дека Кина може да „игра главна улога“ во изнаоѓањето на „патот кон мирот“ во Украина.

Тој пристигна во Кина со цел да го обнови дијалогот со својот колега Си Џинпинг, порачувајќи на почетокот на посетата дека Европа, вклучително и Франција, не смее да се „одвојува“ од Кина на економски фронт, но имајќи ја предвид потенцијалната улога на Кина. кога станува збор за постигнување мир во Украина.

„Кина штотуку предложи мировен план (…) се работи за волјата да се преземе одговорност и да се обиде да го отвори патот за мир“, рече Макрон, обраќајќи ѝ се на француската заедница во таа земја.

Руската инвазија на Украина, која Пекинг никогаш официјално не ја осуди, е високо на листата на теми за кои Макрон утре ќе разговара со кинескиот претседател.

„Таа војна, која повеќепати ја опишав како империјалистичка и колонијална, прекрши многу принципи на Повелбата на ОН што две членки на Советот за безбедност, како нас, мора цврсто да ги бранат“, рече Макрон.

Според него, за Кина и Франција тоа значи дека „со одбрана на овие принципи се обидуваме заедно да најдеме начин за мир“.

„Кина, во нејзините блиски односи со Русија, кои беа потврдени во последните денови со неодамнешната посета на кинескиот претседател на Москва, може да одигра голема улога во решавањето на конфликтот. Затоа е неопходен дијалог со властите во Пекинг“, рече Макрон.