Мала земја, но толку дарежлива: Оваа балканска држава буквално ја закопува Украина со воена помош – возила, оружје…

Словенија продолжува да испраќа голема воена помош за Украина. Оваа балканска земја се покажа многу дарежлива во споредба со големината на нивната војска и држава. Досега ги празнеа своите магацини од „античка“ технологија и испраќаа тенкови Т-55 и М-84, хаубици од 105мм и оклопни возила М80А во Украина, но сега ситуацијата е променета.

Според словенечките медиуми, словенечката Влада оваа недела тајно испратила во Украина 20 оклопни возила Pandur вооружени со митралези од 12,7мм и фрлачи на гранати од 40мм. Станува збор за возила стари 24 години, кои се најмладите возила што Словенија ги испратила во Украина досега, односно оклопни возила 6х6 кои се произведуваат во Словенија по лиценца на австриската компанија Steyr Daimler Puch, која е дел од американската групација General Dynamics Land Systems – Europe. Словенечката армија поседува 85 од овие возила, кои во словенечката армија се нарекуваат Valuk.

Словенечките медиуми тврдат дека целата операција траела неколку месеци бидејќи прво требало да се подготват и сервисираат возилата, а потоа да се организира транспорт. Возилата потоа биле префрлени, најверојатно со словенечки транспортен авион C17, во неколку патувања во Словачка или Полска, од каде потоа биле испратени во Украина. Словенците тврдат дека Украинците ќе ги користат овие возила во претстојната офанзива.

Според достапните информации, Словенија досега испратила во Украина 35 оклопни возила М80 А, 28 тенкови Т55 С, 16 хаубици од 105мм и други 20 борбени возила. Се преговараше и со Германија за испраќање на тенкови М 84, но тоа досега не се реализираше. За возврат, Словенија од Германија доби германски пешадиски борбени возила Marder и оклопен транспортер Fuks тип 6х6, како и нови камиони. Словенија сè уште очекуваат воена помош вредна милиони од САД.