Малолетна девојка тешко повредена во сообраќајка во Дебар

 Малолетно девојче е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 18.45 часот, на ул.„Амди Леши“ во Дебар, при судир помеѓу патничко возило „цитроен“, управувано од В.Ц.(38) од Дебар и патничко возило „опел“, управувано од С.М.(54) од Дебар, двете со дебарски регистарски ознаки.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетната сопатничка од возилото „опел“, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Известен е Јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од Полициска станица Дебар, наведуваат од МВР