Манекенка носеше два фустани во Кан: Луѓето збунето ги гледаа нејзините гради! (ФОТО)

Шведската манекенка Елса Хоск (34), поранешен ,,ангел” на Викторија, ја доби честа да присуствува на гламурозниот фестивал во Кан, кој е резервиран за овогодинешните најдобри филмови. Синооката убавица се прошета на црвениот тепих во многу гламурозно, но и необично издание.

На прв поглед, многумина беа збунети. Манекенката изгледаше дека носи два фустани. Таа беше облечена во розево беж фустан, а преку него имаше уште еден син додаток кој беше испакнат малку настрана и изгледаше како да и’ е залепен. Целосната асиметрија на креацијата, која имаше навестување на балски фустан, го привлече целото внимание на сите присутни. Сепак, финтата е што манекенката под синиот фустан носеше посветол корсет.

Ова не е ништо невообичаено за светот на модата, по слоганот „колку полудо, толку подобро“ се претпостави дека е точен. Сепак, овој фустан беше дел од колекцијата наречена „Валцер на доцниот капитализам“ која беше премиерно прикажана на модната недела во Париз 2023 година. На пистата манекенките потоа носеа т.н „наопачки“ фустани, закосени и со различни агли.

Исто така, шведскиот модел се одлучи за опуштена „боб“ фризура која е апсолутен хит оваа сезона.