Маричиќ: Сè додека го користиме, заштитуваме и унапредуваме, македонскиот јазик ќе биде недопирлив

– Кога светот го одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик се потсетуваме на нашата должност за негување, чување и афирмацијата на македонскиот јазик, но и на јазиците што ги користат народите во светот, наведе вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во објава на Фејсбук.

– Македонскиот јазик е нашиот идентитет и сè додека го користиме, заштитуваме и унапредуваме ќе биде недопирлив. Македонскиот јазик е еден од околу 7000-те јазици кои постојат во светот, рамноправен со јазиците на земјите членки со ЕУ и иден официјален јазик во европското семејство, вели Маричиќ по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Вицепремиерот нагласува дека нашите предци нѐ задолжија да го користиме и унапредуваме мајчиниот јазик, но и да го цениме и почитуваме јазикот на нашите сограѓани.

– Нека е честит Меѓународниот ден на мајчинот јазик, додава Маричиќ.