МАСК НА СТРАНАТА НА РУСИЈА? Киев удри еден од најбогатите луѓе во светот

Жестоки обвинувања на Украинците против еден од најбогатите луѓе во светот, Илон Маск.

Советникот на администрацијата на Володимир Зеленски, Михаил Подољак изјави дека новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, вештачки ја намалува популарноста на официјалните страници на украинските власти на таа социјална мрежа.

Подољак го обвини Маск за потиснување на страниците на социјалните мрежи поврзани со Украина.

– Илон, можеби треба да престанете да ја намалувате видливоста на официјалните сметки на Украина и насилно да ја намалите покриеноста? Се е премногу очигледно –   напиша Подољак на Твитер.

Подољак го повика Твитер да не и помага на руската пропаганда, нагласувајќи дека тоа нема да и помогне, а угледот на социјалната мрежа умира.

– Можеби е потребен регулатор за да му ги објасни правилата на конкуренција на сопственикот –  се прашува тој.