Маск подготвува нов стартап: Создава вештачка интелигенција која ќе се натпреварува со постоечката

Извршниот директор на Tesla и Twitter, Илон Маск, планира да лансира стартап со вештачка интелигенција што ќе се натпреварува со OpenAI.

OpenAI е компанија која го произведе напредниот систем Chat GPT-4.

Според Financial Times, Маск веќе составува тим од експерти и инженери кои ќе работат на новиот проект. За овој стартап тој набави илјадници процесори од корпорацијата „Nvidia“.

Во 2015 година, Маск помогна во започнувањето на проектот OpenAI и служеше како копретседател на компанијата, заедно со сегашниот сопственик Сем Алтман.

Тој го напушти OpenAI во 2018 година и оттогаш почна да го критикува проектот, изразувајќи загриженост дека „експертите ја учат оваа програма да биде будна“ и дека „Microsoft“ „суштински го контролира“ OpenAI.

Алтман претходно изјави дека Маск чувствува голема грижа за иднината на човештвото.