Масовна тепачка во авион: Се расправале за седиштата, па почнале да летаат шамари (ВИДЕО)

Две жени се скарале, но 15 лица биле исфрлени од авионот

Повеќе од 15 патници се степале во авион кој требало да лета од Ел Салвадор до Бразил.

Очигледно една мајка не можела да седне до својот син со посебни потреби, поради што сакала да ги смени местата.

Другото семејство го одбило, па почнале да се расправаат, а набрзо настанала вистинска тепачка. Тие викале и се удирале, а жените се влечеле за коса.

Инцидентот се случил на летот Г3 1659 на бразилската компанија „Гол ерлајнс“. Како што соопштија, сите што учествувале во тепачката биле спречени да летаат.