МАСОВНИ НАПАДИ – Украинците во шок: “Не се сеќаваме дека вакво нешто некогаш се случило“, Русите: “Ова е одмазда!“ (фото/видео)

Јуриј Игнат, портпарол на воздухопловните сили на Украина, соопшти дека последното руско бомбардирање не личи на ништо досега.

Не се сеќавам, да бидам искрен, претходно да имало таков напад, непријателот истрелал вкупно шест ракети Kinzhal, користени се различни типови на авиони, стратешки авиони со долг дострел како и MiG-31. Лансирани се 81 проектил“, тврди првиот човек на украинските воздухопловни сили.

Украина

Ракети биле истрелани врз 10 украински региони рано во четвртокот, при што животот го изгубиле најмалку шест лица, а илјадници останаа без пристап до вода.

Тоа е прв руски напад од ваков размер во последните неколку недели, објавува Sky News.

Министерството за одбрана на Русија тврди дека „масовниот напад“ што утрово ја погоди Украина е „одмазда“.

Москва соопшти дека тоа е одговор на наводниот терористички напад врз рускиот регион Брјанск, кој граничи со Украина.

Минатата недела претседателот на Русија, Владимир Путин тврдеше дека Русија била погодена од „терористички напад“ во јужниот регион.

Украина, од друга страна, ја обвини Русија за лажна „провокација“.

Сепак, Киев, исто така, се чини дека имплицираше дека некоја форма на операција навистина била спроведена од руски антивладини партизани.

Владимир Путин ги обвини сторителите дека отвориле оган врз цивили во автомобил, меѓу кои имало и деца.

Гувернерот на БрјанскАлександар Богомаз изјави дека во нападот загинале две лица, а 11-годишно момче е рането.