Мафијата трага по неа! Сенидах го променила местото на живеење поради закани

Сенида Хајдарпашиќ – Сенидах го променила местото на живеење поради закани од мафија, пренесуваат српските медиуми.

– Сенидах знае дека му замерила на маж кој е многу опасен. Таа се плаши за својот живот и затоа го променила местото на живеење. Таа внимава каде се движи, а адресата последниве месеци никој не ја знае. Тоа се сериозни работи и ситуацијата не е нималку наивна. Нејзиниот живот е загрозен, а стравува дека може да заврши фатално затоа што му замерила на ,,Шмрк”, од кого се плашат и стравуваат во Босна и Херцеговина – вели за Pink.rs извор близок на пејачката.

Поради новонастанатата ситуација, пејачката морала да ангажира обезбедување за да ја придружува насекаде.

Потсетуваме, Адмир Арнаутовиќ наречен Шмрк беше уапсен на 20 септември минатата година во рамки на акцијата Бумеранг, која се однесуваше на организиран криминал, перење пари и други кривични дела. Тој беше разоткриен преку апликацијата Скај и сè уште е во притвор, во очекување на обвинението.

Како што се наведува, неговата група планирала физички напад врз пејачката Сенидах за време на нејзиниот престој во Сараево или на други локации кои би биле погодни за егзекуција.

Планирале да ја претепаат, искасапат т или да и фрлат киселина на лицето.