Мајката била во шок! Не знаела дека син ѝ станал муслиман а сега се огласи: Прочитајте дали го поддржува Дејан и што мисли за прифаќањето на Исламот!? (ФОТО)

По веста дека победникот на ,,Задруга 5″, Дејан Драгојевиќ, официјално признал дека ја сменил вера и преминал во Ислам, неговата мајка Билјана Драгојевиќ призна дека била изненадена од одлуката на нејзиниот син.

– Па, што да ти кажам? Тој е полнолетен, може да прави што сака. Знаете што, не знаат многу за Исламот, затоа пишуваат секакви работи, па… сепак негов избор” – рече таа.

Дали ја поддржува одлуката на Дејан да премине од Православие во Ислам со оглед на тоа што никој од семејството досега не го сторил тоа?

Билјана наведува дека е со нејзиниот син, без разлика што тој направил во животот.

– ,,Секогаш хо поддржував во сè. Секој е со своето дете” – рече Драгојевиќ.

Зборувајќи за остатокот од семејството Драгојевиќ, како и за нивните реакции на одлуката на Дејан, Билјана вели дека не сака да зборува во име на останатите членови на семејството.

– ,,Бев малку изненаденa. Никогаш не сум побарала од него никакво признание, важно ми е да е дома, да е сè во ред. Мене тоа ми беше сосема ирелевантно. Важно ми е да функционираме нормално. Не сум забележалa никакви промени кај него, ниту пак ги чувствувам. Тој се однесува најнормално, живееме нормално – рече Билјана, нагласувајќи дека не е запознаена со реакциите на семејството Мујиќ, кои го поздравија признанието на Дејан за прифакањето на Исламот.