МАЈКА ГО ПРЕГРНАЛА УБИЕЦОТ НА СВОЈАТА ЌЕРКАТА: Причината длабоко ќе ве трогне! (ФОТО)

Младиот човек најпрвин бил збунет од реакцијата на мајката на убиеното девојче, а потоа само рекол дека му е жал.

Џордин Хау (16) од Мајами беше случајно застрелана од Лурдес Гузман ДеЏесус (13) на пат кон училиште во ноември 2012 година. Две години по убиството, мајката на жртвата Ади де Хесус за прв пат го сретнала убиецот во судницата и го прегрнала во знак на прошка .

– За време на мојата 20-годишна работа видов различни реакции и настани, но ова е првпат да видам мајка како го прегрнува убиецот на своето дете – изјави тогаш судијката Елен Сју Венцер.

Фотографиите од мајка која го гушка убиецот на својата ќерка тогаш го обиколија светот, а случајот повторно стана актуелен благодарение на социјалните мрежи.

Како што тогаш објавија медиумите, тинејџерот првично бил збунет од реакцијата на Ада де Хесус, но набрзо и тој ја прегрнал велејќи дека му е жал.

Иако мајката на девојчето првично бараше најстрога казна, таа подоцна се согласи со одлуката на судијата Хау да помине една година во центар за рехабилитација за малолетници.

Несреќата се случила едно утро во 2012 година во училишен автобус. Џордин Хау го зел со себе пиштолот на својот очув и им го покажувал на пријателите, кога оружјето случајно пукнало и ја погодило Лурд во грбот .