Мајка на две деца нападната од рој пчели-убијци! Жената вака ги спасила ќерките а била избодена повеќе од 70 пати – еве што не треба никогаш да правите ако ве нападнат пчели!

Мајка на две деца од Аризона, САД, има среќа што е жива откако таа и нејзините две ќерки биле нападнати од пчели убијци за време на семејна фотосесија, пишува Daily Mail.

Пожарникарите и медицинските служби на Аризона соопштиле дека неименуваната мајка ги носела своите деца до автомобилот во близина кога ги преплавиле и нападнале опасни пчели.

Нејзината брза реакција ги спасила децата од убоди, но жената претрпела повеќе од 75 убоди од пчели и завршила во локална болница каде закрепнала.

На видеото од местото на настанот се гледаат екипи од пожарникари кои прскаат пена над автомобилот додека пожарникар брза да извлече една од девојките од автомобилот.

Бабата на девојчето, која го пријавила нападот во полицијата во Феникс, наводно им помогнала најмногу, пишува весникот.

Ве молам побрзајте, ве молам побрзајте“, панично кажала таа на полицијата и додала: „Мојата ќерка не може да влезе во автомобилот. Ја напаѓаат пчели, испратете помош“.

Кога пристигнале екипите, користеле пена за да ги „растурат пчелите“ пред да ги извлечат децата од автомобилот.

Арон Лорти, сопственик на AZ Bee Kings, кажал дека пчелите убијци се особено активни овој период од годината и изјавил: „Околу овој период од годината, тие опрашуваат, бираат нови места, се ројат“, открил тој за FOX 10 Phoenix.

Само еден убод, како што бели Арон Лорти, ги остава феромоните да им сигнализираат на другите да нападнат.

Штом една ќе те убоди и ќе се обидеш да побегнеш, целиот рој ќе се обиде да те следи“, објаснил тој.

Доколку немате среќа и ве нападнат пчели убијци, експертите советуваат да трчате во права линија, да го покриете лицето и да побарате засолниште. Исто така, не треба да се обидувате да влезете во вода, бидејќи пчелите ќе ве чекаат да излезете за воздух. И уште еден совет: „Колку повеќе мавтате со рацете, толку повеќе тие ќе бидат околу вас“ .