Мбапе: Ова е нашиот максимум, загубивме од голем тим способен да ја освои Лигата на шампионите

– Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе го оцени настапот на неговата екипа сезонава во Лигата на шампионите.

Парижаните синоќа загубија на гости од Баерн Минхен со 2:0 и со вкупни 3:0 се елиминирани во осминафиналето.

– Како што кажав на првата прес-конференција пред натпреварот од Лигата на шампионите оваа сезона, требаше да го покажеме најдоброто од себе. Тоа е максимумот на ПСЖ, ова е реалноста. Загубивме од голем тим кој има квалитет да ја освои Лигата на шампионите“, изјави Мбапе.

ПСЖ втора година по ред не успева да го помине осминафиналето во елитната лига и ги разочара своите навивачи кои очекуваа многу повеќе.