МЕГАН МEРКEЛ ПОВТОРНО ТРУДНА? Отишла во ресторан со сопругот, а сите гледаат во НЕЈЗИНИОТ ФУСТАН: Гласините за бременоста стануваат се поинтензивни

Меган Маркл и принцот Хари неодамна се појавија во познат ресторан во Санта Барбара. Нивното појавување се случи во услови на се поинтензивни гласини дека војвотката од Сасекс е во друга состојба.

Меган и Хари вечераа во суши бар во близина на нивниот дом во Монтесито, Калифорнија. Принцот беше расположен, како и војвотката која носеше прекрасен фустан во пролетен стил, здружен со рамни влечки и шик елегантна чанта. Многумина веруваат дека Меган можеби повторно е во блажена состојба.

Гласините започнаа со нејзините слики од планинарење – многумина забележаа необичен „детаљ“ на нејзината половина и додека некои велат дека тоа е појас за слабеење, други велат дека тоа е појас , а трети велат дека е торба, некои мислат дека сликите најавуваат бременост.

Бременоста би можела да биде причината поради која Меган го пропушти неодамнешното крунисување на Чарлс III и кралицата Камила, иако е познато дека патувала со авион за време на првата бременост, во поодмината фаза. Славниот пар се уште не ги коментирал гласините за бременоста.

Меган Маркл

Меган Маркл и принцот Хари се венчаа во 2018 година во Виндзор, имаат ќерка Лилибет Дијана и син Арчи Харисон.