МЕГА СКАНДАЛ – Претрес во зградата на автомобилскиот гигант во Германија: Двајца менаџери примиле мито од милионски суми

Канцелариите на компанијата Mercedes-Benz во Синделфинген, во близина на Штутгарт, беа претресени како дел од истрагата против двајца менаџери на компании кои се соочуваат со обвиненија за голема корупција, објавија денес германските медиуми.

Акцијата се спроведува поради сомневање за корупција при деловни процеси“, соопшти државното правобранителство во Штутгарт.

Германските медиуми пишуваат дека се работи за истрага против двајца менаџери на Mercedes-Benz кои примиле мито „во износ од милиони“ во замена за обезбедување договори за добавувачи.

Осомничените се заслужни што успеале да влијаат на изборот на одредени добавувачи“, пренесуваат медиумите.

При претресот, кој бил извршен на крајот на минатата недела, во одделенијата за набавки се одземени еден мобилен телефон и еден компјутер.

Компанијата соопшти дека претресот е извршен на иницијатива на самиот Mercedes-Benz.

Mercedes-Benz е оштетен во овој случај и пријавата ја поднесовме самите“, соопштија од автомобилскиот гигант.

Според некои германски медиуми, раководството одбило да каже колкава е сумата и да потврди дека станува збор за најголемиот корупциски случај во историјата на компанијата.