Медуза тврди: Околу 40.000 членови на групата Вагнер биле убиени, исчезнати или напуштени

Околу 40.000 руски војници од озлогласената група Вагнер се убиени, исчезнати или дезертирани, објави рускиот независен медиум „Медуза“.

Според тој медиум, само 10.000 останале да се борат на бојното поле.

,,Newsweek” пишува дека 40.000 од нив сочинувале значаен дел од руската армија, бидејќи 20 отсто од руските затвореници кои биле регрутирани во борбата биле од групата на Вагнер.

Членовите на семејството на некои од борците на Вагнер одржаа погреби за своите најблиски, за подоцна да дознаат дека тие сè уште се живи во Украина.

Така една жена го отворила ковчегот и добила шок. Ковчегот бил празен.

– Ни рекоа дека нема потреба да го отвораме ковчегот, бидејќи пред да ги испратат војниците во војна земаат ДНК, а кога ќе се најдат телата ги споредуваат – рекла жената.

Да потсетиме, оваа неславна група неодамна беше прогласена за транснационална криминална организација од страна на Соединетите Американски Држави.

Групата беше санкционирана и од Европската унија.