Мекалистер: Меси ќе игра за Аргентина на СП2026

Фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси, ќе го носи дресот на Аргентина на Светското првенство во 2026 година, најави неговиот сонародник од редовите на премиерлигашот Брајтон, Алексис Мекалистер.

Меси Мекалистер во декември лани ја освоија со Аргентина титулата светски првак на Мундијалот во Катар.

Меси беше прогласен за најдобар играч на Мундијалот, а претходно оваа недела од ФИФА го доби признанието за најдобар фудбалер во 2022 година.

„Верувам дека Меси ќе игра на Мундијалот во 2026. Немам дилема дека и на 40, па и на 45 години се уште ќе биде најдобар играч во светот”, изјави Мекалистер.

СП 2026 ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.